Кога го гледаш профилот на Ице со сите тие успешни приказни, си викаш човеков знае некоја финта, едноставно не веруваш дека е можно да ти се случи таква промена и тебе. Полу-убедена дека ќе успеам, решив да почнам 3 месечен програм, и како пеперутка кога излегува од кожурец, се преобразив. Програмата на почеток изгледа тешка и несфатлива, а сега ми премина во начин на живот. Оброците се брзи, лесни и здрави, не се замараш многу што да јадам денес, што да готвам, што да купам за утре .. Сум држела диети кои исто биле успешни, како УН или Хроно, меѓутоа ги прекинуваш по одреден период и се враќаш на старо. Исхраната во програмата на Ице е за цел живот. Препорака да го слушате се што ќе ви каже, за се си има причина 🙂