На почеток ми изгледаше невозможно да ја постигнам формата што долго време ја посакував , пред да го запознаам Ице пробував да намалам килограми и намалував на свој начин тоа беше со гладување , несоодветна храна, без витамини и минерали кои се потребни за нашиот организам, лош план на тренинг и други работи.Го запознав Ице ми направи план за тренинг и исхрана тоа што го постигнав за само 1 недела ми даде поголема мотивација да продолжам понатаму со појако темпо,килограмите и сантиметрите паѓаа,а што е најважно не осетив никакво чувство на гладување.За само 2 месеци јас ја добив формата што ја сакав неколку години наназад.Ице е вистински професионалист во својата работа и слободно можам да кажам дека ова ми беше најдобрата одлука и инвестиција што можев да ја направам за себе.